Прескокни до содржината

Помош

Одговори на најчестите прашања. Ако не го најдете вашето, пишете ни.

Како да објавам оглас?

Кликнете „Објави оглас“, изберете категорија, додадете фотографии, наслов, цена и опис. Огласот е видлив веднаш по објавувањето. Првиот пат ќе треба да го потврдите телефонскиот број со код од СМС.

Колку чини објавувањето?

Објавувањето е бесплатно. Премиум позиција на врвот на категоријата се плаќа по избор, за 7 или 30 дена.

Не ми стигнува СМС со кодот.

Проверете дали бројот е внесен точно, со 07 на почеток. Кодот може да доцни до една минута. Ако не стигне, побарајте нов код; по неколку обиди треба да почекате кратко.

Како да го изменам или избришам огласот?

Во „Моите огласи“ отворете го огласот и изберете „Измени“ или „Архивирај“. Истечените огласи може да ги обновите со еден клик.

Колку време трае огласот?

Огласот е активен 60 дена. Три дена пред истекот добивате известување и можете да го обновите.

Како да пријавам сомнителен оглас или корисник?

На секој оглас и профил има „Пријави“. Опишете што не е во ред и нашиот тим ќе провери. Никогаш не плаќајте однапред на непознат продавач.

Што е зачувано пребарување?

На страницата со резултати кликнете „Зачувај пребарување“. Ќе добивате е-пошта кога ќе се појават нови огласи што одговараат на филтрите.

Како да ја избришам сметката?

Во Поставки, на дното, изберете „Избриши сметка“. Огласите и податоците се бришат веднаш, а фотографиите трајно во рок од 30 дена.

Сè уште имате прашање? Контактирајте нè.