СЕКС И ЉУБОВ

Познат продуцент изјавил дека сакал да фотографира голи жени – направил колекција со повеќе од 100 голи фотографии

ECA
Loading...

Никој не треба да биде изненаден од тоа дека Дејвид Линч, продуцентот на “Twin Peaks” и “Mullholland Drive” е голем фан на голите портрети. Ова лето тој ќе објави книга наречена “Дејвид Линч, Голотија која е каратеризирана со повеќе од 100 фотографии од голи тела”.

Насловот може да потенцира дека се работи за архива од голи фотографии од продуцентот, но всушност се работи за колекција на фотографии документирани од страна на Линч, истражувајќи ја женската форма со неговиот симбол, вонземјанско око.

Линч се занимавал со сликарство и скулптура уште кога бил дете, но го одбрал фотографирањет откако го основал Eraserhead. Неговиот пристап кон жените во “Голотија” е сличен како оној кога ги фотографирал фабриките во документарецот “Lynch One”, кога бил во потрага на уникатен начин да ја употреби темнината за да ги трансформира формите на своите предмети.

“Сакам да фотографирам голи жени. Бескрајната разновидност на човековото тело е фасцинантна. Навистина е прекрасно и магично да погледнете колку се различни женските тела”, вели Дејвид.

извор:точка.ком.мк

Loading...