ЖИВОТ ПАУЗА

Димитар Андоновски му донесе Божиќна пештера на Влатко Лозаноски: Македонските пејачи подготвуваат уште едно Божиќно изненадување (ВИДЕО)

ECA
Loading...

На точно месец дена до најблескавиот период од годината, кога ќе славиме Бадник и Божиќ, објавена е ПРВАТА БОЖИЌНА ПОКАНА.

Зошто ПРВАТА БОЖИЌНА ПОКАНА доаѓа од домот на Влатко Лозановски, ќе ви открие самото видео…

Но, едно е сигурно, и оваа година, најпопуларните поп пејачи во Македонија ќе се обединат околу Божиќната пештера и ќе подготват голема БОЖИЌНА МАНИФЕСТАЦИЈА, закажана за 6-ти Јануари 2019 (недела), во 11 часот на голема бина, на платото пред Црквата „Св.Димитриј“.

За неколку дена, тие влегуваат во студио за да возобноват уште една православна Божиќна песна, со што ќе го збогатат репертоарот на празнични православни песни, што ќе ги остават во наследство на генерациите што доаѓаат.

А „Вечниот Бог“- како Божиќна песна, што веќе сите деца ја знаат, останува главен музички симбол на манифестацијата.

извор:маркукуле.мк

Loading...