ПАУЗА

Влатко Илиевски, Горан Стефановски, Канго – тие ја завија 2018 година во црно

ECA
Loading...

2018. година веќе изминува, а пред прагот ни е 2019.

За жал, покрај убавите нешта, 2018 ќе ја паметиме и по трагедии кои не се забораваат.

Вчера почина ден од бардовите на македонското глумиште, Мите Грозданов. Играл во повеќе театарски претстави, „Јане Задрогаз“, „Болва в уво“, „Солунски патрдии“, „Рибарски караници„, „Мајка“, „Грдиот Нарцис“, „Војцек“, „Тигар“, „Подбивна среќо моја“, „Зојкиниот стан“, „Татко“, „Собирен центар“, „Самоубиец“, „Од првиот здив“, „Вазна од порцелан“.

Оваа година згасна животот на младиот пејач Влатко Илиевски, а веста ја шокираше македонската јавност.

Оваа година ја зави во црно и веста за смртта на Ванчо Петрушевски, актерската легенда. Тој почина на 67-годишна возраст од  струен удар.

Годинава почина и доајенот на македонското спортско новинарство Бранко Давидовски. Меѓу спортски работници Давидовски беше познат по прекарот „Мајка“, а почина на 88. годишна возраст.

Почина и Александар Дворчанец, вокалниот солист и изведувач на усна армоника на култната македонска група „Crossroad Blues band“, кои го отворија и годинешниов „Blues & Soul Festival 2018“.

За жал, почина и македонскиот рок-музичар и гитарист, Симеон Иванов – Канго во март. Повеќе од 50 години се занимаваше со музика и уметност како поет-сликар, а беше основач и на културното движење „Мактеон“ кое ја промовираше македонската нација, култура и јазик.

Вчера почина Основачот и прв директор на Управата за заштита на културното наследство, Јован Ристов ненадејно почина вчера во Скопје.

Ристов беше истакнат правник што се бореше за заштита на културното наследство. Беше основач и прв директор на Управата за заштита на културното наследство, а во текот на кариерата работеше и во Националниот конзерваторски центар на Македонија, како и еден од најистакнатите членови на Македонскиот национален комитет на Синиот штит.

Македонскиот народен театар со голема болка и огромно жалење ја споделува веста за смртта на актерката Љупка Арсова Џундева (1934-2018), тивката дама на македонското актерство.

На 81 година почина театарскиот и филмски режисер, драмски писател, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра Љубиша Георгиевски.

Македонија остана и без Горан Стефановски.

извор:скопјеинфо.мк

Loading...