ЖИВОТ ЗАБАВА

Неочекувани навики што секојдневно ви го уништуваат животот

ECA
Loading...

Се вели дека среќата е нејасен термин бидејќи секој си има различна дефиниција за неа. Но психолозите и невронаучниците не се согласуваат со ова. Тие знаат што нè задоволува и што нè прави среќни. Понекогаш можно е да се чувствувате ужасно поради секојдневни нешта и навики кои не ги ни забележувате. Доколку правите нешто од оваа листа, најдобро е веднаш да престанете.

1. Постојано седите

Денес претерано честото седење е сосема нормално. Навечер се враќате дома со автомобил или со јавен превоз, а потоа сте седнати пред телевизор или компјутер. Без движење, нивото на ендорфин и другите хормони одговорни за среќа се намалува. За да се чувствувате поенергично и позадоволно, секој ден пешачете по 30 минути, или вежбајте 2 пати неделно.

2. Поминувате премногу време на затворено

Изгледа дека местата како кино, ресторан и лично не секогаш ни овозможуваат да уживаме во животот. Но ако поминувате време надвор на непознато место, ќе се чувствувате посреќно и вашата самодоверба ќе се зголеми. Психолозите го нарекуваат овој метод „терапија со авантура“. Не е важно дали ќе одите во друга држава или во некое соседно село што го немате посетено, секако ќе се чувствувате посреќно.

3. Не обрнувате внимание на нештата што се случуваат околу вас

Од голема важност е не само да обрнете внимание на она што го правите, туку и на начинот на којшто го правите. На пример, замислете си две девојки. Едната од нив е гневна бидејќи мора да го чисти домот. Повеќе би сакала да биде излезена, но никој не ја поканил. Другата девојка само ги мие садовите и е задоволна што има време за себе и за домот. Во првиот случај двојката ќе се чувствува лошо, а во вториот девојката ќе биде релаксирана.

4. Постојано консумирате

За да го направите вашиот живот значаен не треба само да земате, туку и да давате. Добрите дела ќе направат да се чувствувате задоволно и значајно. Дури и најмалото добро дело може да ве расположи. Мал подарок, слатка порака, па дури и некоја рачна изработка се нешта што ќе ве натераат да верувате дека имате цел во животот и дека на некој сте му потребни.

5. Се изолирате од другите

Дури и во ерата на индивидуалноста, на секоја личност ѝ е потребно да припаѓа на некоја група. И овде не станува збор за најблиските пријатели и членовите од семејството. За навистина да бидете среќни, треба да се чувствувате поврзано со другите луѓе.

Според разни истражувања, оваа особина го намалува стресот, го подобрува имунитетот и ја зголемува самодовербата.

6. Не креирате ништо

На сите им е потребно креативно хоби, и не за пари или за слава, туку за здравје. Докажано е дека процесот на креирање го намалува стресот, го подобрува расположението и помага во борбата против депресијата. Не заборавајте дека во креативноста не спаѓаат само пеењето и цртањето. Ова може да биде каков било проблем што бара уникатен пристап. Засадете цвеќе, уредете го домот, исчистете го домот и вклучете ја имагинацијата.

Среќата не е нешто кон коешто треба да целите. Таа се состои од малите нешта, па можете да ја создадете во секој момент.

извор:вистина.мк

Loading...