ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА ПАУЗА

Родителите со писмо до Филипче: Бараме итно прекинување на селењето на Детска кардиохирургија

ECA
Loading...

Откако се најави големиот проект на Филипче за јавно-приватно здравство, не стивнуваат реакциите на јавноста.

Родителите првин реагираа преку социјалните мрежи, дека не треба да се полнат со пари министерот и неговите блиски преку здравјето на децата. Поради неодговарањето на Филипче на овие реакции родителите се одлучија да му пишат и писмо каде што бараат под итно да се прекине овој проект.

Според родителите министерот на прес конференцијата која траела 33минути и 50 секунди кажува податок дека само во последната година 20-деца со вродени срцеви мани, нивните родители ги однеле “на своја рака“ на приватен трошок на операција само во Бугарија и дека има потврда дека е тоа вистина и од Бугарскиот експерт со кој разговарал.

На ова родителите запрашуваат: Дали е вистина дека има пад на операциите на детска кардиохирургија од 70-операции во 2014 година на само 30 операции во последната година?

Ова е признание дека пациентите немаат доверба во овој тим на детска кардиохирургија и во здравствениот систем кој го води Филипче!

Зошто овие родители и деца бегаат од македонското здравство, а државата не им помага кога во предизборна програма стоеше дека НИТУ ЕДНО ДЕТЕ нема да чека за операција „односно нема да се спречува пациентите да се лекуваат во странство заради развој на центри за одредени дијагнози“ (страна142-Изборна Програма за живот во Македонија на СДСМ).

На истата страна се спомнува и „формирање на посебен фонд за финансирање на лекувањето во странство на деца до 18 години“ кој веднаш го заборавивте од кога дојдовте на власт а на прес конференцијата во владата зборувате само за заштеди на средства за лекување на децата со вродени срцеви мани!

„Ќерките и синовите на Македонија не го заслужуваат ваков третман. Бараат одговори!

Кој е Бугарскиот експерт кој ќе ги оперира нашите деца-зошто се скрие неговото име?

Зошто академикот Жан Митрев не се појави на прес конференцијата за вака едно важно прашање за Македонското општество и иднината на оваа држава-дали има несогласување со Вашите избрзани политики без аргументи и факти?

Родителите запрашуваат каде се професорите од Клиниката за педијатрија во целиот процес и кое нивното мислење за лекувањето на децата со вродени срцеви мани на овој начин што го наметнува Филипче? Ги праша ли некој детските кардиолози од јавното и од приватното здравство за мислење за вашите деспотски решенија?“-прашуваат родителите.

Истовремено на крај од писмото родителите запрашуваат како заштедуваат кога трошоците за лекување на овие деца во 2012 за операции на срце во Бугарија биле исплатени 500.000 евра преку ФЗОМ, а сега во Македонија за лекување ќе се исплаќаат 1.000.000 евра за ист број деца или се работи за нешто.

Можеби по оваа писмо од родителите, Филипче ќе смогне сили да излезе пред револтираните граѓани и да одговори јавно на сите прашања.

извор:маркукуле.мк

Loading...