ПАУЗА

Општина Центар изготви Анкетен прашалник за учество во носењето на буџетот за наредната година

ECA
Loading...

Покрај редовните буџетски форуми, со Анкетен прашалник за учество на граѓаните во носење на буџетот за 2019-та година, општина Центар ќе го носи новиот буџет.

Транспарентно и отчетно, прашалникот ќе овозможи директен инпут на жителите на општината во  носењето на одлуките кои ги засегаат нив лично, конкретно буџетот за наредната година.

Сите оние граѓани кои се соочуваат со некакви проблеми од областа на локалната самоуправа, но и имаат конструктивни и корисни предлози и сугестии ќе можат да ги запишат во прашалникот и да ги достават до општината.

Добиените резултати ќе бидат испратени на понатамошна обработка од надлежните сектори и одделенија во општината, а подоцна истите и вметнати во процесот на донесување на буџетот за 2019-та година.

Линк до Анкетниот прашалник: https://goo.gl/forms/WdRN6SeCIgJIPYhh1

извор:скопјеинфо.мк

Loading...