ЗАБАВА

Кумата на Дарко Лазиќ, пејачката Андреана Чекиќ тргна во посета, па му однесе необичен подарок додека е на рехабилитација (ФОТО)

ECA
Loading...

Познато е дека Андреана Чекиќ му е кума на Дарко Лазиќ.

Андреана откри дека конечно ќе оди да го посети кумашинот во бањата каде што се опоравува, како и тоа, што се случува со неговата ќерка Лорена.

„Првиот пат кога одам до бањата да го видам. Два пати бев во болница. Еднаш го видов од вратата, но вториот пат успеав да влезам во собата. Ми беше многу важно да  види дека сум тука. Овој пат, ќе потрошиме малку повеќе време заедно. Одам да го видам и да му однесам новогодишна елка“ – рече Андреана видливо возбудена заради подобрата здравствена состојба на Лазиќ.

Запрашана како реагираше ќерката Лоренана целата ситуација, како и дали разбрала нешто и кога конечно ќе може да го види нејзиниот татко, кумата одговори:

„Малечката не знае ништо за тоа. Мое искрено мислење е, бидејќи има само четири години, не треба да и се дозволи да доживее тешка траума кога ќе  го види.  А сега тој е се’ уште  во инвалидска количка. Мислам дека треба да го види дури кога ќе застане на нозе, кога ќе може да оди и сето тоа ќе и изгледа нормално, како што навикнала да го гледа“ –  вели Чекиќ.

извор:вистина.мк

Loading...