ПАУЗА

ВМРО-ДПМНЕ: “Го нема Градоначалникот да побара премии за “Победа” и да се слика на новиот стадион што го вети?” (ВИДЕО)

ECA
Loading...

Прес-конференција на Унијата на млади сили при ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

(Во продолжение интегрален текст и видео од одржана прес-конференција)

“Прилеп вчера по подолго време се израдува на спортски успех, а главните актери за тоа беа црвено-белите миленици од фудбалскиот клуб Победа. Затоа најпрво би сакал да им го честитам пластамот во полуфиналето во најмасовното фудбалско натпреварување кај нас, а тоа е фудбалскиот КУП на Македонија.

Фудбалерите на Победа се можеби единствените во светот, кои оваа сезона настапуваат како трговски патници. Без стадион, од град во град, па уште и понижени и без заслужените плати и премии.

Сепак, кога гладот и љубовта кон фудбалот се пресудни се стигнува и до ваков успех, и тоа против силен и економски моќен противник како Шкендија.

И покрај ветувањето на актуелниот градоначалник Илија Јованоски дека Прилеп ден поскоро ќе добие стадион каков што заслужува, но и европски клуб со европски услови за работа, Победа оваа година ја поминува една од најтешките фудбалски сезони.

На градскиот стадион “Гоце Делчев” подолг временски период не се извршуваат никакви активности, а локалните власти мачкаат очи во јавноста дека вината за тоа е кај претходната локална самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Па заборавате ли дека влеговте во втората година од вашиот четиригодишен мандат? Заборавате ли колку пресконференции одржавте тука на оваа локација?

Го прашуваме Јованоски до каде е изборот на нов изведувач за изградба на стадионот?

Каде е сега Јованоски да побара од советот на општината премија од еден милион денари, како што тоа го правеше кога СДСМ беше опозиција во Прилеп?

Спортот, а особено фудбалот бара континуирано вложување, а со вашата несериозност го доведувате пред згаснување.
Победа е повеќе од клуб, таа е љубов на прилепчани. Победа е емоција и радост на многу генерации. Клубот заслужува многу повеќе и заслужува да биде издигнат на едно повисоко ниво.

Прилепчани стравуваат дека нивниот миленик одново ќе го гледаат во понизок ранг на натпреварување, а вината за тоа ќе биде само ваша.

Младите ве повикуваат итно да се зафатите со работа и да го консолидирате работењето на клубот. Победа не смее да биде жртва на вашата неумешност и незнаење.

Почитуван градоначалник, прилепчани не се со кратко помнење, тие ги паметат сите ваши грандиозни ветувања. Времето во политиката поминува многу брзо, па казната за неисполнетото ќе ве стигне како молња. Ќе заминете како најнеуспешниот градоначалник и најнеуспешната локална власт во историјата на Прилеп”.

извор:маркукуле.мк

Loading...