ЗАБАВА МОДА

И овој пат не ја поштеди од модни критики: Сергеј Варошлија повторно удри по Елена Стефановска (видео)

ECA
Loading...

Македонскиот моден критичар Сергеј Варошлија во својата емисија „Мода“ која се емитува на 1ТВ често знае да го изнесе своето мислење за македонските јавни личности.

Досега неколку пати го коментираше модниот стил на водителката на „Живот со стил“, иако тој љуби да ја нарече „Живот без стил“.

И овој пат  Сергеј не остана скржав на зборови кога станува збор за модните креации на Елена Стефановска.

Варошлија ја коментираше фотографијата на Стефановска која е облечена во здолниште и блуза.

„Зошто овде е живот без стил? Затоа што изгледаме вака. Затоа што треба да сфатиме дека изгледот треба да се минамилизира. Толку ли е тешко госпоѓо да укуцаш на „Гугл“ и да видиш што е минимализирање на изглед, па дури да одземе 10 минути од твоето време или неколку часа. Да процесираш во главата што значи да го манимализираш стајлингот. Тоа значи да немаш цртка, бенка, пајак на себе“ вели Варошлија во емисијата и додава:

„Ти на себе имаш некое сукњиче. Чизмите не се лоши сами за себе, сукњичето не ти е лошо само за себе, ролката не e лоша, ама се тоа заедно е многу, имаш неколку детали на таа сукња. Ланците, капата, наочарите и црвено срце демек ти одговара со наочарите. Сите детали можеби се „ин“, ама заедно се „аут“, изгледа премногу натрупано. Многу дизајнери го третираат овој изглед, но кај тебе не проаѓа, изгледа „фејк“, изгледа лошо“  вели Сергеј.

Ова не е првпат како Варошлија ја коментира водителката. Што кажа за неа, за нејзиниот стајлинг во претходните изданија може да прочитате тука.

Водителката не се огласи по коментарите на Сергеј, а дали  ќе ги послуша неговите совети останува да видиме.

извор:вистина.мк

Loading...