ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА ПАУЗА

“Трамп го номинира новиот Амбасадор на САД во Македонија: Еве за кого се работи..”

ECA
Loading...

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја предложи Кејт Мери Брнс (Kate Marie Byrnes) за нов амбасадор на САД во Македонија која треба да дојде на местото на сегашниот амбасадор Џес Бејли.

Според соопштението од Белата куќа, Кејт Мери Брнс е амбасадорка од кариера и доаѓа од Атина каде што ја вршела функцијата заменик-шеф на Мисија во амбасадата на САД во Атина, Грција од септември 2017 година.

Претходно таа била заменик-шеф на мисија и заменик- постојан претставник на Мисијата на САД во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Виена, Австрија.

За време на нејзината кариера, таа била советник за односи со јавност во Амбасадата на САД во Мадрид, била виш цивилен претставник на Одделот за државни функции во оперативната група Бастон/Бронко во Авганистан.

Работела како советник за јавни работи во Мисијата на САД во НАТО во Брисел, Белгија, од 2007-2010 година. Таа исто така ги претставувала интересите на САД во Шпанија, Боливија, Унгарија и Турција.

Одлучно зборува повеќе јазици меѓу кои Унгарски, Шпански и Турски.

Амбасадорите ги номинира претседателот, а ги потврдува Сенатот на САД.

извор:маркукуле.мк

Loading...