ЗАБАВА ПАУЗА ТЕХНОЛОГИЈА

Новата руска Лада изгледа како вселенски брод: Целосно нова и непрепознатлива (ФОТО ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

ECA
Loading...

Компанијата АвтоВАЗ која е дел од Рено-Нисан групацијата и сопственик на рускиот бренд Лада, на Саемот за автомобили во Москва приреди изненадување и го претстави новиот концепт со кој ја најавува следната генерација теренци Нива.

Концептот е дело на главниот инженер Стив Матин и неговиот тим, а крајниот производ е модерен SUV. Ако концептот го споредите со првата Нива, сигурно ќе забележите сличности помеѓу двата автомобили.

“Ние работиме на иднината на Лада”, изјави Матин, кој е директор на Дизајн во Лада, објаснувајќи ја идејата за концептот. “Со 4х4 Визија, го демонстрираме потенцијалот на уникатен, експресивен, храбар и енергичен дизајн во новиот SUV, а сепак со инспирација од легендарната Lada 4х4 Niva”.

Технички детали засега нема, а соопштено е дека моделот ќе биде базиран на „специјална платформа“ како и дека ќе биде пократок од Дачиа Дастер.

Она што се наоѓа под хаубата исто така е мистерија, но познато е дека автомобилот за прв пат ќе поседува и автоматски менувач.

извор:маркукуле.мк

Loading...