ЗАБАВА КУЈНА

Марина Тошиќ ги „измеша лончињата“, ама го погоди брендот: „Цилестото маче“ во раскопчана кошула „Версаче“ (ФОТО)

ECA
Loading...

Фолк пејачката со српско потекло која со години живееше во Македонија, а сега гради кариера во Бугарија му кажа збогум на летото и летните одмори па и се врати на работата.

Марина Тошиќ ионака е позната по својот провокативен изглед и начин на облекување, а ни однесувањето „на работ на скандалот“ не и е непознато, особено при постирањето разголени фотографии на социјалните мрежи.

Но, Марина овој пат покажа нешто друго. Фотографија со интересен кадар од кујната ги прави работите многу појасни. Згодната пејачка наместо тави и тенџериња, намирници и зачини, во кујната чува шминки и козметика.

Дали тоа сексапилната русокоса „ги измеша лончињата“ и намерно ги смени улогите, па наместо домаќинка, покажа дека е госпоѓа во кујна? Според фотографијата ќе да е така, а за она останатото: каква е и што е на улица и в кревет – само таа си знае!

Во меѓувреме атрактивната пејачка тргна да се подготви за новата сезона, а поготвувањето значи и подновување.

Овој пат изборот на „цицлестото маче“ падна на кошула „Версаче“. Се разбира, Марина променета во неа без градник, раскопчана до папок… Нова доза провокација за подбра презентација и на пејачката и на брендот!

извор:вистина.мк

Loading...