ЖИВОТЕН СТИЛ МОДА

(ВИДЕО) Бизарно слабеење: Памук – диетата повторно во мода

ECA
Loading...

Многу девојки во светот се одлучни во својата намера да изгубат неколку килограми. Нивното бизарно однесување и наоѓањето нови начини за губење килограми не запира.

Иако за губење на килограмите е потребно намалување на бројот на калории и редовно вежбање, повеќето луѓе, а особено припадничките на понежниот пол, сакаат да веруваат дека постои чудотворен начин на слабеење, па да не мора сами да се потрудат. Тие очекуваат некој или некое „магично нешто“ да го направи тоа за нив.

Најновата диета што добива сè поголем замав се базира на јадење вата натопена во сок.

Проголтаните парчиња памук прават да се чувствуваат заситени, па автоматски јадете помалку. Лекарите и нутриционистите се загрижени за овој тренд и го оценуваат како крајно опасен.

– Доколку не го јадат скапиот органски памук, оваа диета е страшно опасна. Поголемиот дел од ватите што се продаваат низ продавниците воопшто не се памучни. Станува збор за полиестерски влакна кои содржат многу хемикалии – вели експертот Бренди Коски.

Веб-страниците, „Јутјуб“ и форумите се преполни со видеа на кои се прикажани девојки како јадат памучна вата и ги советуваат и другите да го прават истото.

Диетата е прилично ефикасна со оглед на фактот дека не се јаде скоро ништо, освен памук, но дали е „евтина“ цената што се плаќа за да изгледаме подобро? Цената е нашето здравје.

Loading...