СЕКС И ЉУБОВ

Депресивни сте? Не дремете на Фејсбук, излезете во провод

ECA
Loading...

Без обзир на тоа што повеќето парови започнуваат врска токму преку друштвените мрежи, некои тврдења укажуваат истите можат да бидат и погубни за љубовниот живот на луѓето, особено на жените.

Експертот за врски Зои Стимбл тврди дека жените што немаат дечко треба да го избегнуваат Фејсбукот, бидејќи оваа социјална мрежа може да предизвика депресија, осаменост и лошо расположение.

Според неа, социјалните мрежи се полни со фотографии на насмеани двојки, свадби, моменти како добивање дете, роденденски забави и други настани кои може да создадат негативни, самосожалувачки чувства кај осамените жени.

Само поради ова, Зои тврди дека најдобаро за девојките кои не се во врска, барем додека не најдат партнер кој ќе ги исполнува, да го деактивираат својот Фејсбук профил.

Loading...